ФОТО | Кајли Џенер користи авио превоз за летови од 10 минути: Твитерџиите бесни на младата милијардерка

кајли џенер
Фото: Принтскрин / Instagram

Кајли Џенер неодамна користеше приватен авион за да патува од Камарило, Калифорнија до Ван Најс и со овој потег налути многу обожаватели на семејтвотот Кардашијан – Џенер, кои ја критикуваа на Твитер. Летот на една од најпознатите старлети и инфлуенсери траел само 12 минути, со оглед на тоа што растојанието меѓу градовите е приближно 60 километри (1 час возење со автомобил).

Celebrity Jets е профил кој ги следи летовите со приватни авиони на познати личности. Тие на својот официјален Твитер профил објавија информации за младата Кајли и им открија на следбениците дека нејзиниот лет траел приближно 12 минути.

Според твитерџиите нема оправдување за младата милијрадерка. Бројни корисници ја критикуваа младата ријалити ѕвезда главно поради штетите што ги нанела на околината, како последица на аеро загадувањето. Покрај тоа, тие коментираат дека има милиони луѓе кои никогаш не патувале со авион, а таа ги користи летовите за само неколку минути.

„80 проценти од луѓето никогаш не летале со авион, а Кајли ги користи за десетминутни летови. Пет нејзини летови минатата недела биле пократки од 30 минути“ – напишал разочаран корисник.


„Европа гори додека Кајли користи вионски превоз за лет од 15 минути. Можев да рециклирам сè, да купам сета половна облека,  да одгледувам сопствена храна до крајот на мојот живот, а тоа нема да ја надомести штетата за животната средина од еден нејзин лет“ – додаде една корисничка на Твитер.


„Продолжете со рециклирање и намалување на отпадот за Кајли да може да користи приватен авион. Таа користи авио превоз за летови од неколку минути, а тука морам да користам хартиени сламки“ – се само дел од бројните критики упатени кон Кајли на социјалната мрежа Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот