ФОТО | Хју Грант ненадејно се појави на божиќен ручек, им служеше храна на постари луѓе во населбите

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Британскиот актер Хју Грант пред неколку дена изненадно се појавил на божиќен ручек во Лондон, каде што им служел храна на повозрасни жители на општината на населбите Хамерсмит и Фулам.

– Им благодарам на сите што ни се придружија на годинашниот голем божиќен ручек на „Ејч енд Еф“, вклучувајќи го и многу специјалниот гостин, Хју Грант. Актерот ни помогна да им послужиме ручек на 500 тукашни постари луѓе кои инаку би го славеле Божиќ сами. Сите бевме одушевени што беше кај нас. Ова беше вистинска љубов – изјави портпаролот на Советот на Хамерсмит и Фулам.

Хју Грант се дружел со учесниците на настанот и доброволците и се фотографираше со нив.

Ова не е првпат актерот да ја покаже својата добра намера. На почетокот на декември тој му подари 20.000 фунти на „најљубезниот британски водоводџија“ Џејмс Андерсон, познат по тоа што доброволно услужува илјадници повозрасни и лица со попреченост преку неговата добротворна организација „Дефер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот