ФОТО | „Град во облаците!“: Ларунг Гар е тибетскиот дом на молитвата, тишината и големите мистерии!

Сертар, Ларунг Га
Сертар, Ларунг Га / Фото: EPA-EFE / Принтскрин/Јутјуб

Доколку мислите дека ви е премал домот и дека ви треба повеќе простор, погледнете ги фотографиите од уникатното место на Тибет, кое воедно е и најголемото будистичко училиште во светот.

Лоцирано во истоимената долина, во градот Сертар, Ларунг Гар е дом на илјадници луѓе. Овде населението поминува часови во медитација, шетајќи по падините со црвени колиби во кои се повлекуваат во тишина.

ларунг га
Сертар, Ларунг Га / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Будистичката академија е основана во раните 1980-ти години и истата имала само 32 членови во тоа време. Полека растела до 1997 година, кога станала неверојатно популарна.

Бидејќи Ларунг Гар се наоѓа на 4.000 метри надморска височина, често се нарекува и „градот на небото“ и „градот во облаците“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tomek Tomasz (@tomaszpienicki)

Пред две години населението достигна 40.000, што не им се допадна на кинеските власти, кои одлучија дека населението мора да се намали на 5.000. Дел од домовите беа урнати, а жителите мораа да потпишат дека никогаш нема да се вратат во Ларунг Гар.

Сертар, Ларунг Га1
Сертар, Ларунг Га / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Речиси четири илјади луѓе се иселиле и нашле нов дом. Бидејќи населението не разговара со странци, а движењето на туристи е ограничено, тешко е да се дојде до вистинската вистина за тоа што се случува во Ларунг Гар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот