ФОТО | Го најави ли Ристовски враќањето на Адеми во Динамо?

Фото: Stefan Ristovski/Instagram

Како што стојат работите, Аријан Адеми многу брзо повторно ќе го облече дресот на Динамо Загреб.

Адеми низ годините прерасна во вистинска легенда на Динамо, но ги напушти „модрите“ да се пресели во кинескиот Пекинг Гуан. Откако денес хрватските медиуми повторно на големо го најавуваа враќањето на Адеми, шпекулациите ги разгоре Стефан Ристовски.

Ристовски на својот Инстаграм профил објави фотографија со Адеми и тоа во ваква ситуација изгледа како најава за враќање на македонскиот репрезенативец.

Адеми дресот на Динамо го носеше на 359 официјални натпревари, а сега се враќа по само 19 одиграни средби за Пекинг Гуан. Динамо немаше многу успех во европските квалификации, па така во новата сезона ќе игра во Конференциската лига.

Фото: Stefan Ristovski/Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот