ФОТО | Го криеше лицето со години, сакаше да се убие: Сега направи пластична операција и покажа како изгледа

Сиа / Фото: EPA/WAEL HAMZEH

Пејачката Сиа (47) откри дека неодамна се подложила на затегнување на лицето (фејслифтинг) на доделувањето на наградите за убавина во 2023 година (Daytime Beauty Awards) во Лос Анџелес.

– Јас сум поп-ѕвезда која обично го крие своето лице и не лаже за тоа. Да, направив фејслифтинг – рекла таа за своите препознатливи перики кои го покриваат нејзиното лице.

Фото: Frazer Harrison / Getty images / Profimedia

Авторката на некои од најголемите поп хитови во последните 20 години, по пауза од седум години, се враќа на музичката сцена со новиот албум „Reasonable Woman“, кој се очекува на почетокот на 2024 година. Со музика се занимава од 1997 година, но во 2013 година одлучи повеќе да не го покажува своето лице во јавноста.

Фото: Frazer Harrison / Getty images / Profimedia

„Добив неверојатен фејслифтинг од мојот пријател д-р Талеи. Тој е неверојатен, толку добро си ја врши работата, и тоа не само со светските ѕвезди. Го сакам. Немам други зборови да опишам што мислам за него“, изјавила Сиа додека го промовирала својот пријател.

Свадба во Портофино: Пејачката Сиа се омажи

ФОТО | Сакав да се убијам, им се вратив на пороците: Славната пејачка шокираше

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот