ФОТО | Ѓоковиќ и Циципас направија шоу на улиците во САД

Фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до рекордната шеста титула на Индијан Велс и така да му „побегне“ на Федерер со кој имаат по пет освоени на овој турнир.

Со оглед на тоа дека Ѓоковиќ пристигна порано во САД и се уште не одиграл ниту еден меч имаше време и да се забавува покрај тренинзите.

Сега на социјалните мрежи се појавија фотографии од неговата дружба со Стефанос Циципас кого го возеше во количка од маркет. Таквата ситуација беше и изненадување за случајните минувачи кои и си добија фотографија со Новак и грчкиот тенисер.

Својот прв меч Ѓоковиќ го игра во вечерта која е пред нас и не се очекува да почне пред 23:30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот