ФОТО | Еве како изгледаат децата на Тома Здравковиќ, не е ни чудо што синот е музичар

Тома Здравковиќ
Тома Здравковиќ/Instagram

Животот и делото на фолк пејачот Тома Здравковиќ периодов се актуелни по медиумите, а публиката жедно ги чита сите негови животни приказни . Уметникот чија душа се поврзува со кафеаната и боемскиот начин на живот, сепак имаше и татковска улога.

Тома иако имал љубовни јадови и неостварени врски, од која најзагадочна е онаа со пејачката Силвана Арменулиќ, сепак го дал своето срце на Олгица, и тоа во 1963. Иако стапиле во брак многу заљубени, брзо се развеле. Од тој брак, Тома ја добива ќерката Жаклина, која денес живее во Холандија, а за Србија ја врзуваат спомените за татко ѝ.

Жаклина Здравковиќ/Printscreen/Youtube
Жаклина Здравковиќ/Printscreen/Youtube

„Живеев еден период од мојот живот со него, кратко. А кога почина бев многу тажна. Живеев со фактот дека тој е дел од мене, од мојот брат, песните, другите луѓе во чиј спомен остана неговото присуство“, своевремено раскажа Жаклина.

Освен Жаклина, Тома има уште едно дете, синот Александар кој го доби во бракот со сопругата Гордана.

Александар Здравковиќ/Printscreen/Youtube
Александар Здравковиќ/Printscreen/Youtube

Александар Здравковиќ е роден од вториот брак на ѕвездата со Гоца, а живее во Торонто, таму каде се запознале неговите родители. Гените се навистина чудо, па не е невообичаено што Александар тргна по стапките на татко му и самиот е музичар. Тој работи во свое музичко студио и креира песни.

„Кога дознаваат кој ми е татко, прво ме прашуваат каков ми бил животот со него. Некогаш се претставував и како Александар Саша, за да го избегнам тој „товар“ на познатото презиме Здравковиќ. Бев премлад кога почина, и подоцна сфатив што значи тој за музиката, за луѓето и колку оставил зад себе. На некои 17 години кога се вљубив за првпат, тогаш ја сфатив и лириката во неговите песни“ – во една прилика изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот