ФОТО: Ериксен од болница со силна порака до соиграчите – „Играјте за цела Данска“!

Фото: Инстаграм

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е во центарот на вниманието на јавноста откако колабираше на мечот на ЕП меѓу Данска и Финска.

Пред самиот крај од првото полувреме, данскиот репрезентативец падна на теренот, и на сите им беше јасно дека нешто не е во ред со него. Еден од соиграчите се приближил и видел дека Ериксен е во бесознание и побарал медицински тим да дојде итно да му помогне.

Јавноста беше најмногу воодушевена од потегот на Симон Кјаер, кој го извади јазикот на Ериксен и го постави на вистинската позиција, што секако му го спаси животот до доаѓањето на лекарскиот тим.

Во преносот во живо можеше да се види како останатите соиграчи стојат околу Ериксен за камерите да не снимаат што се случува, бидејќи во еден момент можеше да се види како лекарите го оживуваат данскиот играч.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

За среќа, лекарите успеале да го оживеат, па веднаш бил пренесен во болница. Натпреварот беше прекинат, потоа пристигна веста дека Ериксен е во стабилна состојба и дека се прават дополнителни тестови.

Ериксен и натаму во болницата во Копенхаген, каде се вршат дополнителни тестови, и се прави обид да се најде причината зошто овој фудбалер падна на теренот, иако претходно немаше проблеми со срцето.

ВИДЕО: Данските и финските навивачи заедно скандираа „Кристијан Ериксен“!

Утрово, Ериксен објави фотографија на Инстаграм од болницата и испрати порака до фановите:

– Здраво на сите. Ви благодарам многу за вашите неверојатни пораки за поддршка што ги добив од целиот свет. Тоа значи многу за мене и за моето семејство. Јас сум добро со оглед на околностите. Јас сè уште треба да поминам низ некои тестови во болницата, но се чувствувам добро. Сега ќе навивам за моите соиграчи на следните натпревари. Играјте за цела Данска – напиша Ериксен.

ВИДЕО: Сон со емотивна порака за Ериксен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот