ФОТО: Елиф Елмас со Лајпциг на зимски подготовки во Шпанија

Елиф Елмас („Лајпциг“)/фото: rbleipzig.com

Лајпциг, новиот клуб на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, информираше дека екипата од 2 до 7 јануари ќе се подготвува во зимскиот тренинг камп во Ла Манга, Шпанија.

Играчите предводени од тренерот Марко Розе ќе ја темпираат формата за вториот дел од сезоната.

И нашиот фудбалски „дијамант“ Елмас ќе тренира со своите нови соиграчи, а во тимот во овие зимски подготовки нема да бидат Амаду Ајдара и Илајш Мориба кои ќе настапат на Африканскиот куп на нации.

Со првиот тим ќе патуваат и млади играчи на клубот: Тим Колер, Лени Хениг, Нуха Јата, Винерс Осаве и Јаник Едуардо.

Новиот бундеслигашки натпревар тимот на Лајпциг ќе го има на 13 јануари на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт. Моментно составот на Розе по 16 одиграни мечеви е на четвртото место со 33 бодови, водечки е Баер Леверкузен (42), пред Баерн (38) и Штутгарт (34).

Популарните „бикови“ во февруари и март ќе го играат двомечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот