ФОТО | „Едвај те чекаме“: Дарко Илиевски со сопругата го очекуваат второто дете

Фото: Инстаграм/Дарко Илиевски

Македонскиот пејач Дарко Илиевски, кој подолго време живее на Флорида, ја сподели убавата вест дека со сопругата Ивана го очекуваат нивното второ дете.

Имено, двојката веќе го има четиригодишниот син Матео, а сега ќе добијат ќерка, која треба да се роди во април следната година.

„Возбудливи вести! Пресреќни сме што можеме да споделиме дека наскоро очекуваме да пристигне нашето скапоцено девојче. Нашите срца се полни и едвај чекаме да ја пречекаме во нашите животи со љубов и радост“, напиша Илиевски на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Дарко Илиевски

Да потсетиме, Дарко Илиевски и Ивана Келешовска (сега Илиевска) стапија во брак во 2016 година, а две години подоцна се преселија во Соединетите Американски Држави. Во 2019 година, станаа родители на синот Матео.

„8 октомври 2019 е најсреќниот ден во мојот живот! Мојата кралица ми роди син како најголем поклон за 3 години од нашиот брак. Фала ти сонце мое! Драги пријатели, се роди Матео“, напиша тогаш пејачот.

Фото: Инстаграм/Дарко Илиевски

Инаку, сопругата на Илиевски е ќерка на Славе Келешовски, кој трипати беше избран за најдобар диџеј во Југославија.

Дарко Илиевски стана татко, се роди малиот Матео во Мајами (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот