ФОТО | Џеф Безос се вери: Згодната новинарка го покажа блескавиот прстен на јахтата од 500 милиони долари

Фото: Profimedia

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос (59) и новинарката Лорен Санчез (53) се верија, објави „Пипл“.

Моментално, среќната двојка е на одмор на Азурниот Брег, а за време на викендот присуствуваа на премиерата на филмот „Killers of the Flower Moon“ на Канскиот филмски фестивал.

Во неделата, Санчез била забележана со блескав прстен на раката, додека таа и нејзиниот свршеник уживале на јахтата „Кору“, која вреди 500 милиони долари и е во сопственост на Безос.


Имено, кору е спирална форма и важен симбол на народот Маори, домородно население на Нов Зеланд, и означува нова фаза од животот, позитивни промени, личен раст и надеж за иднината. Како што пишува „Пипл“, овој симбол е многу важен за двојката.

Како потсетување, Џеф Безоз и Лорен Санчез ја официјализираа врската во јануари 2019 година, откако Безос објави дека се разведува од Мекензи Скот, со која беше во брак 25 години и има четири деца.

Во тоа време, Санчез се разведуваше од нејзиниот сопруг Патрик Вајтсел, со кого беше во брак 13 години. Новинарката и поранешна водителка на „Good Day LA“ има две деца со Вајтсел и еден син од претходната врска со рагбистот Тони Гонзалез.

„Тешко ми е да го гледам“: Партнерката на Џеф Безос првпат проговори за нивната врска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот