ФОТО | Деколтето секогаш во преден план, додека го вовлекува стомакот: Како Лорен „позира“ пред папараците?

Џеф Безос и Лорен Санчез/Профимедиа
Фото: Backgrid USA/Profimedia

Џеф Безос (57) и неговата девојка, новинарката Лорен Санчез (52) неодамна беа фотографирани од папараците по вечерата во хотелот Мејфер во Лондон. И додека лудо вљубениот милијардер беше стилизиран во поло маица и тегет панталони, Санчез ги привлече погледите на минувачите облечена во бел фустан од 2.590 фунти.

Вообичаено во преден план беше бујното деколте на Лорен, а како што забележаа папараците, новинарката секогаш се обидува да го вовлече стомакот кога ја фотографираат до степен што сето тоа изгледа многу неприродно.

„Парите не можат да обезбедат добар вкус“, беше само еден од коментарите кој осамна на социјалните мрежи за модните избори на Лорен.

Сепак, Безос не се одвојува од својата сакана и ужива во нејзино друштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот