ФОТО | Цел свет доаѓа во хрватско село на јагнешко

Фото: JadroFoto / Alamy / Profimedia

Селото Мало Грабље во Хрватска вреди да се посети барем еднаш во животот.

Веднаш над заливот Милна на Хвар, во камена клисура е сместено селото Мало Грабље. Напуштената рурална населба се наоѓа североисточно од стрмните карпи на Мотокит, на падините кон стариот пат од градот Хвар до Вело Грабље, пишува „Пункуфер“.

Околните маслинови градини и лозја даваат идеја за тоа како изгледал некогаш животот во сега напуштеното село, пред жителите да го напуштат.

Фото: Инстаграм/ dfrancina

Напуштените камени куќи без врати и прозорци кои се претопуваат во природата, воденица која чека да биде откриена, штала и црква создаваат совршена филмска позадина.

Денес во Мало Грабље можете да видите само неколку јога ентузијасти кои доаѓаат да вежбаат пред црквата Св. Теодора или да застанете кај локалната таврерна Стори Комин, но само во сезона. Таму се јаде октопод и јагне на скара, по можност со локално вино.

Таму нема потреба да го гледате менито, туку само да се препуштите во рацете на домаќините, кои ќе ви препорачаат што да јадете.

Фото: Инстаграм/ dfrancina

Откако Њујорк Тајмс еднаш ја објави приказната за таверната Стори Комин, Американци и туристи од целиот свет доаѓаат да видат дали ова речиси заборавено место заслужува внимание.
Со оглед на бројот на пофалби на „Трипадвајзор“ (TripAdvisor), авантурата да се стигне до местото и тоа како е исплатлива.

Фото: Инстаграм/ dfrancina

Мало Грабље повремено оживува за концерти или настани, токму на платото пред црквата, која отсекогаш била место за локални средби. Од таму има поглед на селото и околните ридови, градини опкружени со суви камени ѕидови.

Фото: Инстаграм/ dfrancina

Името на местото првпат било запишано во 1538 година, а евидентирано на австрискиот катастар во 1934 година. Поради својата изолирана локација, ја задржало првобитната просторна организација од 19 век, па прошетката низ грубите камени блокови кои ги сочинуваат уличките е како временска машина во минатото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот