ФОТО | Брус Вилис стана дедо, најстарата ќерка Румер роди ќерка

Фото: Profimedia / Instagram

Брус Вилис и Деми Мур официјално се баба и дедо. Румер Вилис и нејзиниот партнер Дерек Ричард Томас го објавија раѓањето на нивната ќерка Луета Ајли Томас Вилис во вторникот во заедничка изјава објавена на Инстаграм.

Румер Вилис
Фото: Instagram/Rumer Willis

„Ти си чиста магија“, напишаа тие на објавата.

 

Румер Вилис бебе
Фото: Instagram/ Rumer Willis

Ти си повеќе од тоа што некогаш сме го сонувале“, додале тие под слатката фотографија од новороденчето.

Познати личности како Хилари Даф, Мелани Грифит и Ники Рид, им честитаа на парот. Меѓу нив и сестрата на Румер, Талула Вилис, напиша дека ќе ја сака својата нова внука „секој момент од секој ден“. Се надоврза и Ема Хеминг, сопругата на Брус Вилис, која исто така коментираше „толку многу те сакаме“.

Среќната вест е добредојдена за семејството Вилис откако му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД) во февруари. Новороденчето на Румер Вилис и Томас е прво дете на парот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот