ФОТО | Бритни Спирс има нов дечко со криминално минато

Profimedia
Фото: Профимедиа

Според американските медиуми, Бритни Спирс е во врска со член на нејзиниот персонал, Пол Ричард Солис, кој има криминално минато.

Тие двајца наводно почнале да се забавуваат откако пејачката објавила дека поднела барање за развод од Сем Асгари, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six).

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Имено, локалните медиуми објавија дека Пол еднаш бил прогласен за виновен за нарушување на мирот, возење без дозвола и поседување огнено оружје, поради што Бритни во еден момент го отпуштила.

Бритни и Пол сѐ уште јавно не објавиле дека се во врска. Минатиот месец во неколку наврати биле видени заедно.

Поранешниот сопруг на Бритни, Сем Асгари неодамна им откри на медиумите дека постои компромитирачка снимка на која пејачката го изневерува со вработен, а тој ѝ се заканил дека ќе открие повеќе непријатни детали доколку не му даде повеќе пари од предвидената сум во предбрачниот договор.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот