ФОТО | Бајага случајно „уловен“ со новата девојка: Ми упадна во кадарот и се бунеше

Познатиот музичар Момчило Бајагиќ – Бајага уживал и се возел со велосипед на Ада Циганлија, не знаејќи дека ќе заврши на социјалните мрежи, пишуваат српските медиуми.
Тој не сака да се експонира пред медиумите и се труди својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, но не му успева секогаш.
Имено, музичарот бил фотографиран од случаен минувач и објавен на социјалната мрежа „Икс“, по што фотографиите масовно почнаа да се споделуваат.
Bajaga sa novom devojkom pic.twitter.com/8KuAJRAQhh
— Kalabaster (@KalabasterJak) September 18, 2023
Додека бил фотографиран, Бајага со својата нова девојка возел велосипед во сосема лежерен стил, игнорирајќи ја околината.
Според фотографиите, музичарот делувал намуртено, додека со новата девојка го туркал својот велосипед на блага угорнина, а како што се наведува во објавата, човекот не сакал да го фотографира него, туку знамето кое се веело зад него, па сосема случајно го „уловил“ и Бајага со новата девојка.
„Враќајќи се од Ада, забележав големо српско знаме кое се вее на ветрот со мостот Ада во позадина. И така, одејќи напред да го сликам знамето без жиците, Бајага ми упадна во кадарот, мавтајќи со раката и не дозволувајќи ми да го сликам??? А, јас му одговорив во фазон: ниту те сликам, ниту си ми важен во животот затоа што не те слушам“, објаснил корисникот на „Икс“.
Да потсетиме, јавноста ја дозна веста дека Бајага се развел од сопругата Емилија по 33 години брак. По медиумскиот молк на социјалната мрежа Фејсбук, тој самиот откри дека ставил точка на бракот.
ВИДЕО | Бајага фатен со новата девојка, по разводот живее со неа