ФОТО | Баерн Минхен го претстави Тухел: Се беше премногу брзо и изненадувачки

Баерн Минхен денес и официјално го претстави Томас Тухел.
Германецот потпиша договор до 2025 година и ова за него е прв ангажман откако го напушти Челси во септември.
„Тајмингот беше многу изненадувачки, не очекував ниту најмалку затоа што немаше никаков контакт. Очекував да ја продолжам својата кариера во странство. Првиот разговор со Баерн го имав во вторникот. Големината на клубот беше одлучувачки фактор и затоа ова е баш тоа што го посакував. Во контакт со луѓето од клубот бев и во минатото, меѓутоа никогаш не сакав да се н аметнувам. Сега целата ситуација се одвиваше пребрзо“, изјави Тухел.
Преговорите со Баерн се одвивале толку брзо што и неговиот стручен штаб не бил спремен.
„Ниту тие не беа спремни на ова и затоа им благодарам на нивната флексибилност“, откри германскиот стратег.

Со работа во Баерн ќе започне од понеделеник, но дури во среда ќе ги има сите играчи на располагање поради репрезентативната пауза.
„Немаме многу време. Веројатно нема да ги видам сите фудбалери до четврток или петок. Но, важно е што сме во игра за сите трофеи. И понтаму немам претстава што ме чека, меѓутоа спремен сум и оптимистичен. Сакам да се бориме за сите трофеи“, истакна Тухел.
Во првиот натпревар на клупата на Баерн, Тухел на 1. април ќе го води тимот против својот поранешен клуб, Борусија Дортмунд. На табелата во Бундеслигата, баварците заостануваат еден бод зад големиот ривал.
