Формула 1 ќе се вози во Бахреин до 2036 година

Ф1 сезоната во 2022 ќе започне со трката за Големата награда на Бахреин/Фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak

Бахреин ќе биде домаќин на трките од Светскиот шампионат во Формула 1 до 2036 година, така објавија денеска првите луѓе во ова натпреварување.

Во соопштението се вели дека е потпишано продолжување на договорот според кој на патеката Сахир ќе се вози уште 14 години.

Бахреин беше домаќин на трката во Формула 1 за прв пат во 2004 година. Оттогаш е во календарот на Формула 1, освен во 2021 година, кога трката беше откажана поради пандемија на коронавирусот.

Во 2020 година, Бахреин беше домаќин на две последователни трки. Трката за ГП во Бахреин е вообичаена во првиот дел од сезоната, но оваа година ќе биде воведната трка во новата сезона (20 март).

Исто така, екипите ќе бидат тестирани на патеката Сахир пред почетокот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот