Формула 1: Хаас размислува да се ослободи од Мик Шумахер

Мик Шумахер по несреќата во Монте Карло EPA-EFE, Christian Bruna

На 29 трки во Формула 1 младиот Шумахер досега нема освоено ниеден бод, а поради повеќето инциденти на патеката, го чинеше неговиот клуб над два милиони евра

Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, во Формула 1 дојде во 2021 година како голема надеж која ќе го наследи татко си. Но во неговиот тим Хаас засега не се задоволни од него. Се зборува дека неговиот тим нема да го задржи по крајот на сезонава, кога му истекува договорот, незадоволен од неговите досегашни резултати.

На 29 трки во Формула 1 младиот Шумахер (23) досега нема освоено ниеден бод. Покрај тоа, поради повеќето несреќи во кои беше вмешан, Шумахер го чинеше Хаас над два милиони долари во штети, откако пристигна во тимот во 2021 година. Сезонава тој претрпе два големи нициденти, првиот на трката во Саудиска Арабија, а вториот на трката во Монте Карло. На последната трка за среќа Мик не се повреди, но по сударот со бариерата од неговиот болид не остана речиси ништо.

Мик бил критикуван од газдата на тимот Гинтер Штајнер по трката, а поранешнот Ф1-возач Кристијан Данер предупреди дека неговиот сонародник треба да се подобри.

– Добар е што се однесува до брзината, но е може да продолжи вака што се однесува до инцидентите. Прави милионски штети, а тим како Хаас може тие пари да ги употреби попаметно – вели Данер.

Младиот Шумахер, кој беше шампион во Фрмула 2 во 2020 година, се надева дека ќе ја пронајде вистинската форма до крајот на сезонава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот