Форбс: Нето добивката на српска компанија на листата на американски санкции скокна за 28.000 отсто!

Форбс/ Фото: Википедија

Компанијата „Соха инфо“ од Нови Бановац минатата година постигна еден од најдобрите резултати во српската економија. Тие забележаа раст на нето добивката од неверојатни 28.000 проценти. Добивката од 2022 година од 4,49 милиони минатата година е зголемена на дури 1,27 милијарди динари или повеќе од 10 милиони евра, пишува Форбс.

Вкупните приходи на компанијата забележаа речиси десеткратен скок и се зголемија од 737 милиони на 7,26 милијарди динари, додека вкупните расходи скокнаа од 731 милион динари на 5,76 милијарди. Посебен агол на целата приказна дава тоа што „Соха инфо“ на крајот на февруари заврши на листата на американски санкции поради Русија. На списокот се најде и сопственикот на компанијата Драган Драгаш. Проверката на регистарот на Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OФАК) покажува дека Соха Инфо сè уште е во нивната евиденција.

Се вели дека правното лице е назначено затоа што работи или работел во сектор на руската економија што ја поддржува руската воено-индустриска база. Драгаш се уште е на списокот поради истата причина. Соха Инфо е основана во јуни 2022 година. Минатата година имаше двајца вработени и беше регистрирана за компјутерско програмирање. Компанијата практично не работи на домашниот пазар и нејзините деловни приходи доаѓаат исклучиво од странство, пишува Форбс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот