Фондацијата „Допир” преку лажни профили собирала донации, кривична пријава за две лица

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против  М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “компјутерска измама” по чл.251-б од КЗ на РСМ.

Како што соопштуваат од МВР, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација “Допир” и креирале веб страна https://bidihumansega.mk/ која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдено е дека регистрант на веб страната https://bidihumansega.mk/ е лицето  М.Ш., кој и воедно е претседател на Фондацијата.

Во рамки на спроведената истрага, како што се наведува во соопштението, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши низа проверки, меѓу другото и околу тоа дали лицата, односно корисниците на веб страната за кои се собираат донации, евидираат во системот на Министерството за внатрешни работи и притоа констатирано е дека поголемиот дел од корисниците не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб страницата собирала донации и парични средства.

Прочитајте и...  Николоски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи увоз додека не се откупи домашниот тутун

Притоа утврдено е и дека заклучно со 27.03.2019 година преку веб страната https://bidihumansega.mk/собрани биле 3.531.199 денари.

По направената анализа на банкарските сметки, како што информираат од МВР, констатирано е дека од собраните парични средства, пријавените вршеле повлекување на парични средства за сопствени потреби.

– На 27-ми овој месец, а по претходно обезбедена судска Наредба за претрес, издадена од Основен суд Скопје I Скопје, извршен е претрес на деловни простории во стан во Скопје, при што се пронајдени голем број докази кои укажуваат дека лицата М.Ш. и А.Ш. свесно вршеле внесување невистинити податоци и фотографии од деца кои биле предмет за собирање парични средства по основ на донации и со тоа довеле во заблуда голем број граѓани и правни лица кои донирале парични средства, наведуваат во соопштението.

Прочитајте и...  Лукаревска: СДСМ не копа ровови, туку гради мостови, патишта и врски меѓу луѓето

Со Наредба од Судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје I – Скопје, паричните средства од фондацијата се замрзнати.

Прочитај повеќе

Демонстрантите ја собориле статуата на Колумбо во Балтимор и ја фрлиле во океанот (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев: Поднесовме кривични пријави за „бомбите“ објавени последниве денови

МИА агенција

Јанушев: Се обврзуваме на реконструкција и рехабилитација на над 1.000 километри патишта (ВИДЕО)

Филипче: Почина првиот доктор од компликации на коронавирусот

Слободен печат

Болтон: Не е моја идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово

Слободен печат

Трамп најави победа против радикалната левица и напредок во борбата против коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мицкоски: Нема да ја игнорираме реалноста за името, но нема да дозволиме оганот македонски да згасне додека постои ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Шилегов: Пред точно една година, започнавме со градба на зелениот кров на ГТЦ (ФОТО)

Слободен печат

Мој ДДВ: Објавени се 15-те добитници на награда од 100.000 денари

Слободен печат

Доверителите си враќаат половина од вложеното

Соња Христовска Угриновска

И осличот од Аргентина е домашен, ако е спакуван кај нас

Царовска му одговори на Манчевски: Маж ми вика дека сум Франкештајн, а другарките дека сум тетка (ВИДЕО)

Слободен печат