Фондацијата Бил Гејтс финансира развој на фластер-вакцини

бил гејтс
Бил Гејтс / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс инвестираше 23,6 милиони долари во американската биотехнолошка компанија Микрон Биомедијал за развој на масовна примена на вакцини без употреба на инјекции.

Новата технологија се базира на примена на вакцини со фластери со растворливи микроиглички. Технологијата долго време ја поддржуваат глобалните здравствени експерти поради нејзиниот потенцијал да го зголеми опфатот со вакцинацијата против смртоносните болести.

Таквата вакцина е полесна за транспорт и администрирање од традиционалните вакцини, особено во посиромашните земји, каде што вакцинирањето на децата останува предизвик. Сепак, зголемувањето на производството е пречка.

Во тест вакцинацијата на возрасни и новороденчиња во Гамбија оваа година, технологијата за вакцина против сипаници и рубеола на Микрон се покажа како безбедна и ефикасна како и традиционалната вакцина и произведе сличен имунолошки одговор. Вакцината е произведена од Институтот за серум во Индија.

Технологијата „може да помогне да се отстранат клучните бариери за искоренувањето на сипаниците и рубеолата на глобално ниво“, рече Џејмс Гудсон, постар научник во одделот за имунизација во американскиот Центар за контрола и превенција на болести, партнерска институција на Микрон.

Финансирањето ќе овозможи развој на производство на десет милиони фластери годишно за поголеми клинички испитувања и поширока употреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот