Фон дер Лајен предупредува: Унијата може да спречи поголем извоз на вакцини

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Шефицата на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска предупреди дека Унијата може да го запре понатамошниот извоз на вакцина за коронавирус, откако Италија ја запре пратката за Австралија.

– Тоа не беше еднократно, рече претседателката на ЕК за деловниот весник Виртшафтсвоче.

Минатата недела Италија соопшти дека го блокирала извозот на 250.700 дози од вакцината на „АстраЗенека“ наменети за Австралија, посочувајќи дека има недостиг од вакцини во Европа, додека истовремено Австралија нема итна потреба од нив.

Бранејќи ја одлуката на Италија, Фон дер Лајен рече дека „АстраЗенека“ испорачала помалку од 10 проценти од тоа што Унијата порачала од декември до март.

Европската Комисија ја критикуваше англо-шведската компанија за неуспехот да го исполни својот распоред за испорака до ЕУ, истовремено доставувајќи ја сета нарачка за Велика Британија.

Според шемата на ЕУ, компанија што сака да извезува надвор од Унијата, треба да аплицира за дозвола до националната влада, која одлучува по консултација со Комисијата.
Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефен Зајберт минатата недела истакна дека ЕУ снабдува вакцини на целиот свет – за разлика од земји, како на пример САД.
– Ние стоиме зад овој европски пристап, кој се разликува од американскиот, кога станува збор за производството, на пример, рече Зајберт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот