Фон дер Лајен: Мора да го зајакнеме партнерството со НАТО, безбедноста на Европа е загрозена

Фон дер Лајен, Столтенберг и Мишел/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

По денешното потпишување на заедничката декларација со Европската унија, НАТО вети дека ќе ја зголеми поддршката за Украина. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека стратешкото партнерство меѓу ЕУ и НАТО е „поважно сега од кога било“, пишува Си-Ен-Ен.

„Мораме да продолжиме да го зајакнуваме партнерството меѓу НАТО и Европската унија и мора дополнително да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина“, рече Столтенберг во Брисел по потпишувањето на третата заедничка декларација ЕУ-НАТО со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателотн а Европскиот совет Шарл Мишел.

„Знаеме дека мораме да го зајакнеме ова повеќе од 20-годишно партнерство, бидејќи безбедноста на Европа е загрозена. Партнерството ЕУ-НАТО ќе стане уште поважно кога Финска и Шведска ќе станат полноправни членки на НАТО“, изјави Фон дер Лејен за новинарите.

Таа, исто така, ја истакна важноста да се задржи „притисок врз Кремљ“, велејќи дека ЕУ наскоро ќе воведе санкции за земјите, вклучувајќи ги Белорусија и Иран, кои воено ја поддржуваат руската војна во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот