Фон дер Лајен: Бугарија и Северна Македонија се блиску до договор

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Добрата вест за денеска е дека Бугарија и Република Северна Македонија, со поддршка на Франција, се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и грижите на двете страни.

Ова, пред малку на Твитер го напиша претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен во врска со новиот француски предлог за укинување на бугарското вето против почетокот на преговорите за членство на официјално Скопје во ЕУ.

Во објавата таа соопшти дека имала разговор со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и дека Европската комисија е подготвена да го започне скрининг процесот за Македонија и Албанија, што е следниот чекор на нивниот европски пат.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот