Фобии поврзани со Ноќта на вештерките: Дали се плашите од духови и демони?

Ноќта на вештерките
Резбана тиква како симбол на Ноќта на вештерките / Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Според дефиниција, фобијата е неразбирлив страв на психичка основа. Фобиите се јавуваат како резултат на негативни лични искуства, но понекогаш не можеме да ја идентификуваме нивната причина.

Како да разликувате обичен страв од фобија? Разликата е во тоа колку интензивно некој реагира кога ќе наиде на она од што го плаши и колкав е неговиот капацитет да се справи со тој страв. Со други зборови, дали личноста има напад на паника, нервен слом или некој друг исцрпувачки одговор.

Некои луѓе чувствуваат неразбирлив страв од Ноќта на вештерките, но и од разните чудовишта поврзани со овој празник. Луѓето со анксиозни нарушувања и други фобии, како и оние кои злоупотребуваат психоактивни супстанции, се најподложни на овие фобии.

За овие луѓе, 31 октомври е навистина страшен ден, пишува РТС.

Самхаинофобија

Стравот од Ноќта на вештерките се нарекува самхаинофобија. Самхаин (ˈsɑːwɪn, ˈsaʊɪn) бил келтски празник кој се прославувал во претхристијанскиот период, на крајот на октомври. Келтите верувале дека промената на годишните времиња, која носи подолги ноќи и пократки денови, создава пат помеѓу физичкиот и духовниот свет. Според нивното верување, самовилите и починатите можеле да го посетат нашиот свет за време на Самхаин. Овој празник се празнувал така што луѓето се облекувале како чудовишта за да ги избркаат духовите. Со доаѓањето на христијанството, Самхаин прераснал во Ноќта на вештерките и се здобил со сите дополнителни ритуали кои се карактеристични за овој празник.

Викафобија

Викафобија е страв од вештерки и волшебништво. Во документарниот филм „Исусовиот камп“ им се објаснува на малите деца дека не треба да го читаат книжевниот серијал „Хари Потер“, бидејќи главниот лик е волшебник и со тоа е „Божји непријател“. Ваквиот пристап, кој се среќава и кај некои проповедници кои ја застапуваат идејата дека вештерките и волшебниците се дело на сатаната, може да доведе до хронични фобии кај оние кои веруваат во постоење демонски сили.

Фазмофобија

Луѓето кои се плашат од духови страдаат од фазмофобија. Повеќето луѓе со оваа фобија веруваат дека духовите постојат, а таквото верување им го „разгорува“ стравот од нив. Децата се посклони на овој ирационален страв отколку возрасните. Сепак, не мора да сте дете или да верувате во духови за да страдате од фазмофобија. Многу луѓе би се исплашиле доколку навечер се најдат во близина на гробишта.

Демонофобија

Ако некои свештеници можат да всадат страв од вештерки, замислете што можат да направат со идејата за демони и ѓаволи. Се разбира, оваа фобија може да се развие и на други начини – од дружба со догматичен пријател, па сѐ до читање книги и гледање филмови кои прикажуваат демонска активност. Исто така, многу е веројатно дека и оваа фобија, како и сите останати, може да се развие без очигледна причина.

Зошто се резбарат тикви на Ноќта на вештерките?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот