Флорентино Перез не се откажува од Суперлигата: Реал Мадрид има одговорност кон европскиот фудбал

Фото: EPA-EFE/Daniel Gonzalez

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез повторно ја критикуваше УЕФА и го отвори прашањето за Суперлига во која би играле најбогатите европски екипи.

УЕФА успеа да се „одбрани“ од првиот напад за формирање на Суперлига, а предводници на таа идеја беа Реал, Барселона и Јувентус. Во меѓувреме Јувентус го промени раководството и новите луѓе во клубот исто така се откажаа од таа идеја.

Сепак, Перез не се откажува и порачува дека европскиот фудбал е во криза и потребни се промени.

„Реал Мадрид има одговорност кон европскиот фудбал. За Реал ќе беше многу полесно да не го поведе овој проект за Суперлигата кој не е популарен, но драги партнери историјата го бара тоа од нас. Ние имаме обврска на навивачите секогаш да им го даваме најдоброто шоу. Исто такаме да го поевтиниме пристапот на фудбалот преку телевизија каде што денес се нуди се полош спектакл. Суперлигата е отворена да ги реши прболемите, ќе продолжам да верувам во правда бидејќи УЕФА нема право на монопол во фудбалот“, смета Перез.

Лигата на шампионите ќе има нов формат од наредната сезона, но Перез не мисли ништо добро.

„Новиот проект е невобичаен и апсурден проект. Таков модел се повеќе ќе ги одалечи навивачите од фудбалот, посебно најмладите. Новиот формат најмногу одговара на оние кои од тоа им зависи изворот на приходи. Тоа е систем кој е во интерес на менаџерите, додека потребите на фудбалерите и навивачите не се земени во предвид“, истакна првиот човек на „кралевите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот