ФК Вардар: Во Тетово го немаше македонското знаме, бевме сведоци на срамни националистички испади

фото: instagram.com/fcshkendija

Во рамките од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) екипата на Шкендија на домашен терен славеше против Вардар со 3:0.

Скопските „црвено-црни“ денеска излегоа со соопштение за јавноста во кое вели дека на натпреварот во Тетово имаше повторно срамни националистички испади, дека се употребиле тврди предмети кон фудбалерите на Вардар, но најмногу ги изреволтира што на стадионот отсуствуваше македонското знаме.

Во продолжение целото соопштение на ФК Вардар:

На натпреварот во Тетово, повторно бевме сведоци на срамни националистички испади, како и на употребата на тврди предмети упатени кон фудбалерите на Вардар.

Сепак, тоа што најмногу не револтираше, беше отсуството на македонското знаме, кое според пропозициите на ФФМ е задолжителен декор кој мора да ги краси сите стадиони.

Би сакале да посочиме дека за разлика од крајно нецивилизираното однесување на навивачите на Шкендија, сепак управата на тетовскиот клуб се потруди пред се околу приемот на нашата екипа, а потоа и во однос на смирувањето на страстите на трибините, но за жал не успеа.

Како клуб реагиравме за неодамнешните идентични испади на стадионот во Чаир, сега реагираме за испадите во Тетово. Се прашуваме до кога?! Се прашуваме и ги прашуваме пред се надлежните институции, а потоа и сите останати чинители кои денес го претставуваат македонскиот фудбал.

Затоа што немањето реакција, не е само одлика на непрофесионализам, туку и на согласност. Затоа да реагираме и да го вратиме мак-фудбалот на нормалните патеки!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот