Финска ја укина обврската за носење маски во јавниот превоз

СП - Архива

Обврската за носење маски во јавниот превоз во Финска од денеска е укината. Патниците во возовите во земјата и во јавниот превоз во Хелсинки отсега можат да патуваат без маски, соопштија од железничкиот оператор ВР и компанијата ХСЛ, која управува со јавниот превоз во главниот град.

Условот за носење маски беше на сила од март годинава.

„Со отворањето на јавноста и отстранувањето на ограничувањата, ВР одлучи од 25 октомври да се префрли од барањето за носење маски на препораката за носење маски во сите возови на долги релации и за градските возови”, се наведува во соопштението од ВР.

Патниците сега ќе можат сами да одлучат дали ќе носат маски додека патуваат.

Мислењето на клиентите се промени, наведуваат од компаниите. Според истражувањето на клиентите спроведено во септември, само 43 отсто од патниците сакале да користат маска за лице, во споредба со 58 отсто во август.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот