Финска и Естонија бараат од европските држави да не им издаваат туристички визи на Русите

Фото: Профимедиа

Естонија и на Финска ги повикаа европските држави да не издаваат туристички визи за Русите, нагласувајќи дека не треба да им биде овозможено да летуваат во европските летувалишта додека руската армија ја напаѓа Украина.

Естонската премиерка Каја Калас на Твитер напиша дека „посетата на Европа е привилегија, а не човеково право” и оти е време да бидат запрени туристите од Русија.

Финската премиерка Сана Марин изјави за финските медиуми дека не е во ред Русија да врши агресија на европско тло, а истовремено Русите да живеат нормално и да патуваат низ Европа.

Естонија и Финска се членки на ЕУ и се граничат со Русија. ЕУ ги прекина сите летови за Русија, но Русите се уште можат да влезат во тие земји по копнен пат, а потоа авионски да патуваат низ Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот