ФИЛМСКА ПРЕМИЕРА: „Диви и среќни“ во „Синеплекс“

Актерката Јана Маринова, позната како поранешната газдарица Преслава на пансионот „Преспав“ од истоимената ТВ-серија, пред македонската публика лично ќе го претстави својот нов игран филм „Диви и среќни“, каде што таа се јавува како продуцент и главна улога. Филмот „Диви и среќни“ во режија на Мартин Макариев е возбудлива, акциона комедија што рекордно ги наполни киносалите во Бугарија, со што стана еден од најгледаните филмови за 2019 година. Бугарската публика и филмска критика го опишаа како „најзабавниот филм во последно време“ и „нешто сосема поинакво од типичните бугарски филмови“.

Главните актерки Јана Маринова и Луиз Григорова-Макариев изведуваат каскадерски акробации, скокаат од оган, возат бесни мотори и предизвикуваат судири со автомобили. Филмот имаше свои премиери ширум Европа и е првиот бугарски филм што обезбедил дистрибуција во Македонија. Досега бил прикажан во Лондон, Глазгов, Единбург и во Виена, а сега актерската екипа ќе биде домаќин и на скопската премиера во „Синеплекс“ на 13 февруари, а од истиот датум премиерно ќе се прикажува и во 3Д-Битола.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 17, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 8-9 февруари 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот