Филипче: Засега треба да бидеме внимателни до 6 март

Министерот за здравство Венко Филипче во дебата на „360 Степени“ зборуваше за можното одложување на јавните собири за да се превенира ширење на коронавирусот, како и за тоа дали има можност да се одложат изборите кои се закажани за 12 април.

– Здравјето на луѓето е на прво место и мислам дека е рано да се зборува за предизборната кампања. Динамички ќе ја следиме ситуацијата, ќе гледаме како оди влезот на луѓе од ризичните региони, дали има сомнителни,ова е прашање коешто е издигнато на највисоко ниво во владата – рече Филипче.

Тој посочи дека епидемиолошките податоци коишто се причина за препорака за ограничувањето на јавни собири се од причина што има една пациентка којашто е заболена и неколку луѓе коишто се во домашна изолација и кои знаат од каде дошле, каде се упатиле, токму кога таму се планирале големи масовни собири и согласно анамнестичките податоци на пациентката, кога првпат се јавиле симптомите, колку време претходно била во инкубација, и сега сметале дека треба оваа мерка да важи за следната недела до петок на 6 март.

Во однос на прашањето за одложување на изборите, Филипче вели дека се уште е рано да се зборува за тоа и дека според епидемиолошките податоци, треба да бидеме внимaтелни само во текот на следната недела до 6 март и дека тогаш завршува критичниот период којшто се поврзува со пациентката којашто се лекува, но дека ситуацијата интензивно се следи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот