Филипче: Можно е вирусот да бил тука многу порано

Кај еден здравствен работник, кој што беше во контакт само еднаш за време на реанимацијата на пациентката која почина, за помалку од 48 часа е детектиран коронавирусот, што е многу кратко време за вирусот да стигне до секретите на еден човек , а тоа значи дека вирусот бил многу порано- рече Филипче.

Во вечерашното интервју на телевизија Телма, министерот за здравство Венко Филипче, рече дека многу е важно порастот на пациентите со коронавирус да биде линеарен.

-Во фаза сме кога секојдневно имаме сличен број на дијагностицирани. Линеарниот пораст е нешто што секоја земја сака да го постигне. Тоа значи да не се случи болничките установи да не можат тоа да го издржат. Такво сценарио се случи во северна Италија. Тоа беше сериозно претотоварување на болниците со пациенти кои се за на интензивна нега, рече Филипче.

Точно знаеме, рече Филипче, дека од 18 здравствени работници кои се заболени во Куманово има стотина кои се во самоизолација, кај добар дел веќе е поминат перидот на инкубација.

-Точно знаеме дека во Куманово од 18 заболени има 100 луѓе кои се во самоизолација. Кај еден здравствен работник, кој што беше во контакт само еднаш за време на реанимацијата на пациентката која почина, за помалку од 48 часа е детектиран коронавирусот, што е многу кратко време за вирусот да стигне до секретите на еден човек , а тоа значи дека вирусот бил присутен многу порано- рече Филипче.

Ги анализиравме  бројките на пациенти со сезонски грип, рече Филипче,  и за разлика од вообичаениот број  до минатата  година историски гледано повеќе години наназад биле околу 20  илајди, а оваа година се 37 илјади.

-Значи скоро 80 или 90 проценти повеќе заболени. Материјалите  на тие пациенти кои се лекувале од сезонски грип и на кои се земале брисеви се анализирале за присуство на други вируси предизвикувачи на сезонскиот грип, се уште се во Институтот за јавно здравје и тие може дополнително да се тестираат да се види  дали некој од тие пациенти бил заболен од коронавирусот.  Меѓутоа сега целосно капацитетот е насочен на детекција на новите пациенти, затоа  малку поспоро ќе оди ова да се изанализира и да се направи некаква ретроспектива што може да даде поточни податоци, рече Филипче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот