Филипче: Mногумина не ги почитуваат мерките, дури и не веруваат во вирусот (ВИДЕО)

ФОТО: МИА

Минаа три месеци откако го дијагностициравме првиот пациент со ковид-19. После три мецеси сме на раскрсница, дали да го враќаме животот во нормала, а при тоа да се почитуваат сите мерки, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

-Три месеци интензивно работиме и се справуваме со коронавирусот, факт е дека вирусот нема да помина сам од себе, ние мора да научиме да живееме со него. Првата битка е добиена, но борбата трее и ќе трае. Мора да се заштитиме, задолжително носење на маски, но многумина не ги почитуваат мерките, дури и не веруваат во него- рече Филипче.

Сите досегашни мерки, рече Филипче, се носеа врз основа на науката и бројките, а не на парамедицината.

Според него, целосно сме подготвени да се носиме со ситуацијата. Во овој момент епидемијата е целосно под контрола, подвлече министерот за здравство.

Тој рече дека добри страни се тоа што не работат училиштата и градинките и што се затворените граници

-Очигледно е дека вирусот е тука. Веројатно ќе ја чекаме вакцината, како и целиот свет и стекнувањето на колективниот имунитет. Но тоа е се уште далеку. Огромен дел од борбата со вирусот паѓа на граѓаните. Да се почитуваат мерките на заштита. Сакам на секој еден граѓанин да му биде јасно дека сите сме одговорни за нашето здравје, со тоа го штитиме и здравјето на нашите најблиски и колективното здравје. Само со почитување на мерките, ќе ставиме крај на ширење на вирусот- рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот