Филипче: Досега аплицирани 175.348 дози вакцини, вчера се вакцинирале 14.548 граѓани

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани.

Вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани, објави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk изразиле 330.513 граѓани.

„Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација“, напиша Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот