Филипче: Добро е што во многу рана фаза се откриваат дел од заразените пациенти (ВИДЕО)

Ги следиме сите светски здравствени установи, истакна Филипче, ги анализираме сите публикации, искуства во дел од земјите, како и за мерките на околните земји.

На некој начин е добро што во многу рана фаза се откриваат дел од пациентите, а тоа значи дека здравствениот систем може да ја амортизира бројката на пациентите, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

-Доколку некое лице е ностел на вирус, а нема никакви симтоми, а особено за коронавирусот, е добро заради тоа што се преземаат дополнителни мерки и може да се даде соодветна терапија- рече Филипче.

Ги следиме сите светски здравствени установи, истакна Филипче, ги анализираме сите публикации, искуства во дел од земјите, како и за мерките на околните земји.

-Со тестирање после инкубацискиот период, со почитување на прекинот на социјалните контакти, тоа е најдоброто што треба да се направи во нашата земја- рече Филипче.

Викендов, потенцираше Филипче, ќе излеземе со детална статистика за тоа што досега се случува со бројот на пациенти, со дијаграми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот