Филип Димитровски: 2020 беше година на учење, градење искуства и надминување на предизвици, во 2021 влегуваме инспирирани, со нова енергија, уште поголема мотивација и уште поголема достапност на услугите на Тиго за граѓаните

Разговор со Филип Димитровски, извршен директор на Тиго Фајнанс

Пред сѐ, кои се Тиго Фајнанс?

По дефиниција, едноставниот одговор би бил небанкарска финансиска институција, или популарно наречена, НБФИ, но пред сè технолошки и дигитално напредна Финтек институција лиценцирана од Министерството за Финансии на Република Северна Македонија, вброена во стоте успешни компании во ЈИЕ од страна на Меѓународниот академски институт, како и компанија која располага со сертификатот Excellent SME кој го доделува Стопанската комора на Република Северна Македонија. Нудиме едноставни и достапни брзи решенија за финансиска поддршка на физички лица, со цел пресретнување на нивните потреби. На пазарот успешно и одговорно работиме повеќе од 3 години, односно од декември 2017 кога ја основавме компанијата.

Меѓутоа, доколку би го проширил одговорот, би рекол дека ние сме исклучително различна, а сепак современа компанија со етички и професионални стандарди и со цврсто вкоренети вредности кои се инспирирани од луѓето. Горди сме на нашето размислување, на нашето делување и влијанието кое го креираме, а воедно и на фактот дека поставуваме пример кон новите генерации, но и кон другите играчи на пазарот. Ние негуваме култура во која менаџментот настапува од позиција на инспирација и мотивација кон вработените, како главна предност на компанијата, со цел постигнувањата да дојдат како резултат на личниот и професионалниот напредок на вработените, а не поради вообичаените притисоци и очекувања поставени од сопственичката структура. Ова важи и од перспектива на резултатите кои ги постигнуваме, и од перспектива на корпоративната култура која ја негуваме, но и за нашето општо делување на финансискиот пазар и во заедницата. Имено, како општествено одговорна компанија имаме сериозни намери во делот на подобрување на куповната моќ на населението и унапредување на финансиската инклузија на сите општествени слоеви.

Од перспектива на нашиот продукт, веруваме дека нудиме алатка наменета за сите граѓани кои имаат потреба од финансиска поддршка, на едноставен и транспарентен начин и во најкус можен рок, односно во моментите кога тоа ним им е најпотребно. Алатката претставува кредит во висина од 2.000 до 80.000 денари, со онлајн процес на апликација и одобрување кое се мери во секунди, а секако и офлајн процес на апликација или физичко присуство (доколку тоа е префереиран метод) за помалку од 10 минути во нашите филијали, благодарение на автоматизираноста и напредната технологија која ја користиме. Сложените алгоритми базирани на податоци, факти и мината дисциплина, ни овозможуваат сеопфатна проценка на кредитоспособноста на лицето кое аплицира, па така за само 30 секунди клиентите добиваат информација дали нивната апликација е одобрена, а веќе за неколку минути го добиваат и одобрениот износ: нешто што е исклучително важно за корисниците и што нè позиционира како еден од водечките брендови во НБФИ индустријата, бидејќи се водиме единствено од тоа што клиентите бараат и очекуваат.

Како се одрази кризата предизвикана од Ковид-19 на вашето работење?

Здравствено-економската криза несомнено го погоди целиот бизнис сектор, па така ниту Финтек индустријата не остана имуна на последиците. Најголемиот предизвик беше одржување на ликвидноста, имајќи предвид дека НБФИ се финансираат од сопствени извори, за разлика од традиционалните финансиски институции кои располагаат со депозитите на населението и други евтини извори на финансирање.

Од друга страна, потребата за финансиски услуги, во криза или не, секогаш ќе ја има и токму тука е предноста на НБФИ – бидејќи една од главните улоги на овој сектор е токму овозможување инклузија за финансиски неопслуженото население од страна на традиционалниот финансиски систем. Меѓутоа, во услови на пандемија, кога улогата на НБФИ беше уште позначајна и комплементарна на традиционалните финансиски институции, од споменатите предизвици, најмногу трпеа токму граѓаните кои во овој кризен период имаа најголема потреба од алтернативни финансиски услуги, без вообичаените стандардни осигурувања, залози и генерално алатки за обезбедување.

Оваа состојба нè научи дека за Финтек напредокот кон кој се стремиме треба да постои добро уредена институционална и регулаторна рамка која ќе се грижи овие предизвици лесно да се надминуваат, и тоа преку конструктивна дискусија со бизнис секторот, со што и заеднички ќе му помогнеме на населението да го надмине овој кризен период, особено неопслуженото население кое воедно е и најранлив дел.

Да резимирам: НБФИ се, и ќе продолжат да бидат во пост-Ковид периодот, клучни во пресретнување на краткорочните потреби кај населението, нудејќи финансиска поддршка на истите за излез од економската криза. Оттука, очекуваме дека состојбата на Финтек индустријата во претстојниот период не само што ќе се стабилизира, туку и дека 2021 г. ќе биде година на Финтек-индустријата.

Но, морам да потенцирам дека тоа ќе биде возможно само со поддршка и унапредување на соработката со релевантните органи и регулатори.

Неодамна најавивте експанзија на продажната мрежа, тоа навестува и генерален раст на бизнисот. Дали ова значи дека бргу ги надминавте последиците од Ковид-кризата и какви всушност резултати остварувате денес?

Изминатата година беше досега најпредизвикувачка година за светската економска и бизнис сцена, која ги стави „на тест“ прилагодливоста и иновативноста на компаниите. За Тиго како компанија можам да кажам дека беше време на искуства, време на учење и време не носење тешки бизнис одлуки. Сепак, токму благодарение на тие научени лекции, денес чекориме поцврсто од кога било, оптимизирани, фокусирани и мотивирани кон исполнување на долгорочната стратегија каде во фокусот се секогаш одговорното кредитирање, довербата на клиентите и нивните потреби!

2021 ја започнавме со нова, свежа стратегија за раст и развој, која согласно очекувањата, веќе дава исклучителни резултати. Во текот на овие, нешто повеќе од 3 години, Тиго овозможи пристап до финансии во износ над 35 милиони евра на граѓани кои имале потреба од средства. Од 2017 година до денес, одобрени се над 170.000 кредити. Ова значи дека во просек, речиси 6 кредити се издаваат секој час, од почетокот до денес. Сето ова е само мотив повеќе да продолжиме да се развиваме во оваа насока.

Сепак, финансиските параметри не се единствениот показател за придонесот на компанијата, туку дополнително говори фактот и дека исплатените даноци и давачки кон државата сериозно се зголемуваат од година во година.  Доколку земеме предвид, на пример, дека во периодот од 2017 до 2019 година, нашиот даночен придонес кон државниот буџет (ДДВ, социјални придонеси, данок на добивка и персонален данок) изнесуваше 23,8 милиони денари, во 2020 година тој придонес кон државната каса изнесуваше повеќе од двојно, односно над 54 милиони денари, а пак само во првиот квартал на 2021, тој изнесува близу 4,5 милион денари.

Уште еден непобитен факт е и индиректното социо-економско влијание кое компанијата го има по основ соработка со партнер-компании и добавувачи чијшто број до денес надминува 460 субјекти, со што придонесуваме врз целата економија, нивниот развој, приходи и кон нови вработувања. Од почетокот на нашето работење досега кон нив се исплатени над 106,5 милиони денари, а со новите амбиции очекуваме оваа бројка значително да се зголемува.

Овде, исто така вредни за споменување се и близу 50 милиони денари во инвестициски вложувања со цел развој на бизнисот, што сериозно ја потврдува нашата намера за доверлив партнер, работодавач и компанија која е тука за да остане и да го направи пристапот до средства за граѓаните уште полесен и подостапен.

Кои се вашите планови за развој до крајот на годината? Дали клиентите можат да очекуваат дополнително проширување на продажната мрежа или некои други новитети од Тиго?

Побарувањето и интересот на граѓаните за услугите од НБФИ е, и ќе продолжи да биде, во постојан пораст, како што споменав, пред сè поради едноставното пресретнување на нивните финансиски потреби како излез од Ковид-кризата, меѓутоа и благодарение на лесната достапност на нашите продукти, индивидуалниот и брз пристап кој го добиваат, флексибилноста и едноставниот процес на апликација. Една од главните заложби и вредности кои Тиго како компанија ги негува е целосна посветеност на клиентите, а тоа подразбира континуирано прилагодување, развивање нови продукти согласно нивните потреби и достапност во секое време. Новата експанзија, односно проширувањето на продажната мрежа е токму тоа, одговор на растечките потреби на клиентите за поголема достапност на услугите преку канали кои тие ги преферираат, конкретно, отворање на нови физички точки ширум земјата. Од почетокот на годината досега отворивме седум нови филијали, а пак до крајот на годината можам да откријам дека планираме отворање и нови. Очекуваме да ја „затвориме“ годината со раст од 30% во однос на вработувањата, што е сериозен показател за нашата  стратегија за делување како лидер и релевантен чинител во Финтек индустријата во Република Северна Македонија.

Меѓу другото, Тиго останува посветен партнер на локалната заедница и продолжува со вложувањата во нејзиниот развој преку општествено одговорни проекти. Во оваа насока, во претстојниот период планираме и проект за финансиска едукација, како дел од нашата стратешка определба за подигнување на нивото финансиската писменост кај граѓаните, за одговорно и одржливо управување со финансиите.

Во 2020-та година бевте дел од листата на водечки визионери и креатори од бизнис елитата „40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години“, публикувана од меѓународната агенција “Bussines Elite Awards”, бевте вброени во стоте успешни компании во ЈИЕ од страна на Меѓународниот академски институт, а неодамна се стекнавте и со сертификатот Excellent SME кој го доделува Стопанската комора на Република Северна Македонија. На што, според вас, се должат овие престижни признанија доделени од реномирани организации, од највисоко ниво? 

Гордо можам да истакнам дека иако сите овие одликувања и награди се врзуваат или со мене или со компанијата, сепак реалноста е дека без вработените, колегите и сите членови на тимот ништо од ова не би било возможно. Лидерот на крајот на денот е успешен, единствено и онолку колку што неговиот тим и соработници се инспирирани, мотивирани и посветено чекорат кон истата цел. Доколку постои хармонијата, љубовта кон тимот, љубовта кон работата, вербата во производот и нематеријалното чувство на задоволство од достигнувањата, единствено тогаш имате неограничена можност за раст и успех.

Во поглед на одликите, добивањето на признание од престижната програма “Business Elite’s 40 Under 40”, особено во конкуренција на исклучителни млади претприемачи и менаџери кои живеат и успешно работат во нашата земја, е навистина големо задоволство и чест. Покрај самото признание, пристапот до меѓународната бизнис елита, платформата за интернационално поврзување, вмрежување и соработка кои тоа ги овозможува е навистина скапоцено. Сметам дека разменувањето идеи, искуства и добри практики е клучно за напредување, подобрување и развој на самите компании, но и на бизнис заедницата во целина.

Престижното признание од страна на Меѓународниот академски институт, пак,  ги круниса нашите заложби за посветеност кон добрите корпоративни практики, управувањето со компанијата и општествената одговорност, и тоа во текот на предизвикувачката 2020 година. Затоа ова признание го посветуваме на секој еден вработен на Тиго кој бил и е дел од тимот на компанијата. Оваа награда нам ни дава уверување дека компаниската стратегија се движи во вистинската насока, имајќи предвид дека се наоѓаме во листата на 100 успешни компании во ЈИЕ во рамките на Годишната меѓународна награда која избира и промовира компании кои постигнале добри резултати во своето деловно работење во 2020 година, а кои доаѓаат од регионот на ЈИЕ.

Главната цел на Excellent SME, која воедно кореспондира со директивите на Европската Унија, е да промовира успешни мали и средни претпријатија, кои се сигурни и безбедни компании со добри деловни практики и да придонесе кон зголемување на транспарентноста на пазарот. Ова им помага на клиентите и деловните партнери да ги минимизираат финансиските и другите ризици при склучување деловни договори, бидејќи ја гарантираат кредитната способност на компанијата. Еден од условите за издавање на сертификатот е уреден кредитен извештај кој подразбира годишен обрт на компанијата од најмалку 25.000 евра во денарска противвредност. Финансиските резултати кои Тиго досега ги постигна, а кои секако беа предуслов за стекнување на т.н. „печат“ кој се добива со доделување на сертификатот, се благодарение на работата, посветеноста и високите етички и морални вредности на секој вработен во компанијата.

За крај, гордо можам да кажам дека овие признанија нè прават уште поодлучни да придонесуваме кон раст и развој на бизнисот, индустријата, економијата, а нескромно можам да кажам дека ние, допрва започнуваме.


Комерцијален текст

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот