ФИФА ранг листа: Македонија остана на 65 место, Аргентина по шест години се враќа на врвот

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Македонската А репрезентација започна за победа на стартот од квалификациите за ЕП 2024 во Скопје против Малта, а три дена подоцна триумфираше и над Фарски Острови во пријателски натпревар.

Не напредуваме, ниту назадуваме според најновата објавена ФИФА ранг листа, останавме на 65 место со 1363 поени, веднаш зад Исланд, а пред Јужна Африка.

Следните мечеви од квалификациите за ЕП избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги имаат во јуни. На 16 јуни во Скопје ќе ја пречекаат Украина, а на 19 јуни ќе играат во Манчестер против Англија.

Аргентина за првпат после шест години повторно е најдобра светска фудбалска сила (1840 поени). Новите светски шампиони го прескокнаа Бразил (1834) кој падна на третото место, а сега второпласирана е Франција (1838).

На четвртото место е Белгија, пред Англија на петтата позиција, а во Топ 10 редоследно се и Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија. Целосната ФИФА ранг листа можете да ја погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот