ФИФА подготвена за избори: Инфантино единствениот кандидат за претседател

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино на Конгресот во Доха/фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Досегашниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино ќе биде единствениот кандидат на изборите за прв човек на ФИФА, соопштено е денеска.

Во соопштението за медиумите се наведува дека Советот на ФИФА распишал претседателски избори на 30 март годинава, а Инфантино бил единствениот кој поднел кандидатура.

Гласањето за прв човек на ФИФА ќе се одржи на 16 март следната година, на 73. Конгрес на оваа организација во Кигали.

Инфантино е претседател на ФИФА од февруари 2016 година, кога го замени Сеп Блатер, кој беше претседател на Светската фудбалска федерација од 1998 до 2015 година.

Сите погледи во следниот период ќе бидат насочени кон Светското првенство во Катар каде што титулата ја брани репрезентацијата на Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот