ФИФА донесе одлука околу странските фудбалери во Русија и Украина

фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Договорите на странските фудбалери и тренери вработени во руското и украинското првенство ќе бидат „суспендирани“ до крајот на сезоната, а напролет ќе можат слободно да се ангажираат во други клубови и земји, соопшти ФИФА.

На руската страна, која е забранета за учество во спортскиот свет по инвазијата на Украина и лишена од меѓународни натпревари, целта е да се „олесни заминувањето“ на сите кои не нашле договор со своите клубови.

Затоа, тие ќе имаат „право еднострано да го суспендираат договорот за вработување“ до 30 јуни 2022 година и ќе можат да настапуваат за клубови од друго првенство, дури и надвор од преодниот рок. Странските играчи и тренери во Украина ќе имаат корист од истата одредба, за да им се овозможи да „работат и да земаат плата“ за време на конфликти.

Конечно, малолетните играчи кои бегаат од Украина, ФИФА ќе ги третира како малолетни бегалци, со што ќе влезат на меѓународниот трансфер пазар кој инаку е затворен за под 18 години.

ФИФА, која веќе ѝ забрани на Русија да учествува на Светското првенство во 2022 година, но ризикува биде поднесена жалба до Судот за спортска арбитража против одлуката, ја повтори својата „осуда на руската употреба на сила во Украина“ и повика на „брз прекин на непријателствата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот