Фидан: Нетанјаху се обидува да го вовлече регионот во војна за да обезбеди моќ

Турција и другите земји во регионот не сакаат другите да внесуваат свои конфликти во оваа географска област, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, пренесува Анадолија.

– Ние, како земји од регионот, не сакаме трети страни да ги внесуваат своите конфликти во нашата географска област, рече Фидан на прес-конференција заедно со неговиот катарски колега Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани во Доха. Повторуваме дека потезите на Израел може да предизвикаат регионална војна. Минатата недела покажа дека таков ризик сè уште постои, рече тој, мислејќи на иранскиот напад врз Израел што ги поттикна стравувањата од регионална војна. Очигледно е дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обидува да го вовлече регионот во војна за да обезбеди моќ, рече Фидан.

Највисокиот турски дипломат рече дека Турција „се стреми да постигне решение за две држави“ и оти прави дипломатски напори за да го постигне тоа.

Фидан рече дека разговарал и со претседателот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, кој е во Катар.

– Официјални лица на Хамас ми рекоа дека ќе го распуштат вооруженото крило и ќе продолжат како политичка партија откако ќе се формира палестинска држава, рече Фидан.

Ал Тани рече дека Катар ги води дипломатските напори за Појасот Газа, кој страда од израелските напади од 7 октомври 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот