ФФМ го одржа редовното годишно собрание, од идната сезона ќе има единствена Втора лига

фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија денеска во Скопје го одржа редовно Генерално Собрание за 2022 година, на кое делегатите го усвоија извештајот на претседателот на ФФМ и на Управниот одбор 2021 година.

Највисокото тело на федерацијата ја усвои завршната сметка за минатата година и буџетот на федерацијата за 2022 година, а беше усвоен извештајот и на независниот ревизор.

Делегатите на Собранието едногласно ги усвои измените на системот за натпреварување во МФЛ за 2022/2023 за единствена Втора лига, а беа усвоени и генералната стратегија на ФФМ, „Обединети од фудбалот 2021-2025“ и македонската женска стратегија 2021-2025.

Работниот дел од денешното Редовно Собрание на ФФМ го следеа претставници на УЕФА и ФИФА. Денис Бастари, претставник на одделот за Национални асоцијации ја претставуваше УЕФА, додека Чарлс Борман беше претставник на ФИФА од Национални асоцијации.

– Честитки за успесите за минатата година, успеси како на терен, така и надвор од него. Ова е убава можност да го нагласиме силното пријателство и соработка меѓу ФИФА и ФФМ. Вие стево чекор со ФИФА и заеднички придонесуваме заразвој на спортот кој сите го сакаме. ФИФА е горда на многуте заеднички проекти што ги спроведуваме во рамките на FIFA forward програмата. Не радува тоа што финансиските средства се вложуваат за развој, посебно на клучната компонента, а тоа е инфраструктурата. Честитки за објавувањето на новата стратегија, како и стратегијата за женски фудбал, можете да сметате на континуираната поддршка од ФИФА за остварување на зацртаните цели. Исто така, бидете горди на напорната работа и трудот што го вложивте во изминативе години почнувајќи од аматерско до највисоко ниво. Единствено на тој начинможе да се постигнат најголеми успеси, а доказ за тоа беше настапот на Македонија на ЕП 2020 и пласманот во бараж за Светско првенство – рече претставникот на ФИФА, Чарлс Ботман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот