Фестивал за класична гитара: Врвни гитаристи ќе гостуваат на „Тремоло“

Подготовките за 12-то издание на Меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“, единствен од ваков тип кај нас, се во полн ек. Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, со поддршка на Град Скопје, фестивалот ќе се одржи од 17 до 23 мај. Покрај вредните награди, во рамки на фестивалот ќе се одржат солистички концерти за класична гитара и мастер-класови, а како централен настан е натпреварот на кој учествуваат талентирани млади гитаристи.

Меѓу концертите планирани за годинашното издание на „Тремоло“ се оние на Давид Стрбац – Србија/Австрија и на Адам дел Монте – САД, кои ќе се одржат на 19 мај во малата сала на Македонската филхармонија, потоа на „Дуо Дениција“ – Македонија/Германија и на Герхард Рајхенбах – Германија, најавени за 21 мај во Куршумли ан, како и на Нејц Кухар – Словенија/Австрија и на Габриел Бјанко – Франција, чии настапи на 22 мај, исто така, ќе бидат во малата сала на Филхармонија. Со реализацијата на фестивалот „Тремоло“, ДКЦ „Карпош“ дава голем стимул и поддршка за развој и промоција на овој вид на уметност во земјата.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 80, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 15-16 мај 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот