Ферстапен победи во Холандија и го израмни рекордот на Фетел

Фото: EPA-EFE/Remko de Waal

Maкс Ферстапен ја продолжува одличната сезона и денес дојде до деветтата победа во низа и тоа на трката во неговата Холандија.

Денешната трка беше одбележена со големи врнежи кои им создаваа проблеми на возачит. Сепак, тоа не му претставуваше проблем на Ферстапен да ја продолжи доминацијата.

Од самиот почеток Холанѓанецот имаше предност која ја задржи до крајот. За Ферстапен ова е деветта победа во низа со што го израмни рекордот на Себастијан Фетел и во следната трка ќе може да испише историја.

На второто место во денешната трка заврши Фернандо Алонсо, а подимот го пополни Гасли. Бодови во топ 10 освоија уште: Перез, Саинц, Хамилтон, Норис, Албон, Пијастри и Окон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот