„Фејсбук“ се извини за навредливиот превод на претседателот Си Џипинг

Неговото име е преведено како „Г-дин Ш*пак“, а се појави на официјалните профили на Су Куи и нејзината канцеларија.

Фејсбук се извини за лошиот превод на името на кинескиот претседател Си Џипинг, всушност  ненамерно од бурмански јазик неговото име е преведено на навредлив збор, јави „Би-Би-Си“.

Грешката е откриена на вториот ден од официјалната посета на Си на Мјанмар.

Си вчера се состана со водачот на Мјанмар, Аунг Сан Су Куи, со кој разговараа околу зајакнувањето на билатералните односи.

Во објавата на Фејсбук на бурмански јазик за таа средба, името на Си било погрешно преведено на англиски јазик.

Неговото име е преведено како „Г-дин Ш*пак“, а се појави на официјалните профили на Су Куи и нејзината канцеларија.

Од Фејсбук велат дека станува збор за технички проблем.

-Решивме технички проблем што предизвика неправилен превод од бурмански на англиски јазик на Фејсбук. Ова не требаше да се случи и ние преземаме чекори за да се осигураме дека тоа нема да се повтори- изјави  портпаролот на Фејсбук, Енди Стоун.

Бурманскиот јазик е официјален јазик во Мјанмар, каде го зборуваат две третини од населението.

Фејсбук потврди дека името на Си не е внесено во базата на податоци за превод од бурмански на англиски јазик.

Во случаи кога нема информации за еден збор, системот наменет за превод користи слични слогови, објаснуваат од компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот