Федерер се враќа на терените на денот кога Ѓоковиќ ќе му го собори рекордот

epa08157964 Roger Federer of Switzerland in action during his third round match against John Millman of Australia on day five of the Australian Open tennis tournament at Rod Laver Arena in Melbourne, Australia, 24 January 2020. EPA-EFE/SCOTT BARBOUR AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY

Организаторот на турнирот во Доха денеска си соопшти имињата на учесниците за оваа година.

Тоа што од претходно беше најавено денеска доби и официјална потврда, Рожер Федерер се враќа на тениските терени и тоа на турнирот во Доха.

Швајцарецот не играше уште од минатогодинешното издание на Австралија Опен каде загуби во полуфиналето од победникот Новак Ѓоковиќ. Федерер по настапот на грен слем турнирот во Мелбурн имаше операција на коленото, а подоцна во текот на минатата година му беше извршена уште една операција на истото колено поради што мораше да го одложи кам-бекот на терените.

Тој одлучи да се врати на турнирот во Доха каде најголем конкурент ќе му биде Доминик Тим кој е поставен за прв носител, а од топ 10. тенисери на АТП ранг листата, ќе игра и Андреј Рубљов кој е бранител на титулата.

Интересно е што турнирот во Доха стартува на 8. март, денот кога Новак Ѓоковиќ и официјално може да го собори рекордот на Федерер по бројот на недели поминати на првото место на АТП ранг листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот