Федерер и Надал против Унијата на тенисери на Ѓоковиќ

Instagram/djokernole

Најдобриот тенисер на светот заедно со Канаѓанецот Вашек Поспишил одлучија да се одвојат од АТП и да формираат нова унија на теисери.

Иницијативата ја покренаа Новак Ѓоковиќ и Поспишил кои си поднесоа оставки од Советот на тенисери во АТП и формираа нова унија, Асоцијација на професионални тенисери. Новата унија засега ќе ги застапува интересите на најдобрите 500 тенисери во поединечна и најдобрите 200 во дубл конкуренција.

Според иницијаторите целта не е да се замени АТП туку да се созададе структура која ќе им пружа поддршка на играчите и ќе се занимава со правилата на АТП, поделбата на заработката, дисциплинските мерки, здравственото осигурување и пензискиот фонд.
– Не чека многу работа, ова е првиот чекор. Нашиот глас конечно ќе може да се слушне и ќе можеме да влијаеме на одлуките кои се одненсуваат на нас тенисерите – изјави Поспишил.

Очекувано, ваквиот потег наиде на негодување кај првиот човек на АТП, Андреа Гауденци, но изненадувачки и кај Рафаел Надал и Рожер Федерер.


„Светот моментно поминува во тешка и компликувана ситуација. Лично верувам дека во овие времиња во кои треба да бидеме мирни и сите да работиме заедно, време е за единство, а не за раздор. Ова се моменти кога само единствени можеме да постигнеме големи работи. Сите ние, играчите, турнирите и тие што го водат тенисот мораме да работиме заедно“, објави меѓу другото Надал.

Противник на новата унија предводена од Новак Ѓоковиќ е и тенисерот со највеќе грен слем титули, Рожер Федерер.
„Се согласувам со Рафа. Ова се несигурни времиња и најважно е да останеме обединети и како играчи и како спортисти и да одиме напред“, порача Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот