ФБИ врши претрес во викендичката на Џо Бајден

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Припадници на американското Федерално истражно биро (ФБИ) врши претрес во викендичката на претседателот на САД, Џо Бајден во Рехобот Бич, во сојузната држава Делавер, изјави личниот адвокат на претседателот.

ФБИ продолжува да го истражуваат неговото поседување доверливи документи.

Претресот, како и најмалку два други спроведени на локации поврзани со Бајден, е преземен со соработка на претседателот и неговиот правен тим.

Не е познато дали во викендичката се пронајдени документи.

Боб Бауер, личниот адвокат на Бајден изјави дека ќе обезбеди „повеќе информации по завршувањето на денешниот претрес“

Адвокатите на американскиот претседател Џо Бајден пред три недели пронајдоа доверливи документи, откако претходно признаа дека минатата есен во неговата приватна канцеларија биле откриени десетина доверливи документи.

Еден од изворите изјави дека претресот довел до откривање на дополнителни документи од интерес за истражителите кои работат на случајот.

Пронајдени нови доверливи документи на Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот