ФБИ почна истраги против Џонсон енд Џонсон, Сименс, Џенерал електрик и Филипс

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) почна истрага против корпорациските гиганти Џонсон енд Џонсон, Сименс, Џенерал електрик и Филипс поради сомнение дека подмитувале бразилски функционери во случај со продажба на медицинска опрема, тврдат двајца бразилски обвинители.

Бразилската федерална обвинителка Мариса Ферари потврди дека американското Министерство за правда и Комисијата за хартии од вредност помагаат во бразилската истрага за купување медицинска опрема.

Според бразилски обвинители тие компании во изминативе 20 години подмитувале владини функционери за да осигураат зделки со набавка на медицинска опрема, наменета за системот на здравствена грижа во таа јужноамериканска земја, пренесува Хина.

Бразилските власти посочуваат дека над 20 компании, веројатно, се здружиле во картел кој подмитувал функционери. Тие ја обвинуваат и владата дека ги фингирала и цените на медицинска опрема, односно прикажувала повисоки цени за уреди за магнентна резонанца и опрема за протетика.

Прочитајте и...  Договор на коморите на сметководители и проценувачи за промоција на европската легислатива

Џонсон енд Џонсон, Сименс, Џенерал електрик и Филипс, чија вкупна пазарна капитализација изнесува речиси 600 милијарди долари, според цените на акциите на берзите синоќа, се најголеми странски фирми против кои во Бразил во изминатите години е покрената истрага поради сомнение за корупција.

– Континуирано разменуваме информации со ФБИ за овој случај. Тие бараат документи, ние им ги испраќаме. За возврат, ни помагаат во нашата истрага, појасни Ферари.

ФБИ ниту потврди, ниту демантира дека се спроведува истрага.

Прочитај повеќе

Протоколите за гласање на изборите се лесно спроведливи и треба да се почитуваат, рече Филипче

Слободен печат

Русија, без сомневање, е партнер кој ветува – ЕУ треба да соработува

Слободен печат

Родителите на деца од школска возраст се враќаат на работа, но не и оние кои имаат деца во градинка

Слободен печат

Филипче: Изнајдено е решение за работа на системот Мој термин на клиниките за лицата со хронични болести и малигно болните

Слободен печат

Договор на коморите на сметководители и проценувачи за промоција на европската легислатива

Слободен печат

Вебер: ЕУ е должна да ги прекине преговорите за членство со Турција

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Крамп-Каренбауер: Победата на Бајден на изборите не значи дека Европа може да смета на САД за безбедноста

Слободен печат

Амбициозни наставници од Балканот креираа Балканска наставничка мрежа, за полесно онлајн образование (ВИДЕО)

Слободен печат

Трета фаза од авионско прскање против комарци во Скопје

Слободен печат

Курц: Решението за буџетот на ЕУ е на дофат на рака, доколку има подготвеност за тоа

Слободен печат

Флојд рекол „Не можам да дишам“ повеќе од 20 пати, полицаецот му одговорил „за да зборуваш потребно ти е многу кислород”

Слободен печат

Српската полиција брутално претепува демонстрант, а потоа го преместуваат за да пројдат со возилата (ВИДЕО)

Слободен печат