ФА покрена постапка против Манчестер сити по дербито со Тотенхем

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) денеска го обвини Манчестер сити дека не успеал да го контролира однесувањето на своите фудбалери на крајот од натпреварот од 14 коло против Тотенхем во Премиер лигата, пренесува „Мирор“. Манчестер сити и Тотенхем одиграа без победник, 3:3.

Во соопштението на ФА се наведува дека Манчестер сити е обвинет за прекршување на Правилото Е20.1 на ФА, откако играчите на клубот го опколиле судијата за време на натпреварот против Тотенхем. ФА наведува дека Манчестер сити не ги спречил своите играчи да се однесуваат непристојно кон судијата Сајмон Хупер во 94 минута.

Британските медиуми потсетуваат дека играчите на Манчестер сити го опколија судијата Хупер кога тој им досуди слободен удар во судиското надополнување, иако Џек Грилиш со глава тргна кон противничкиот гол.

Хупер прво дозволи предност и дозволи играта да продолжи. Но, судијата ја прекина играта кога топката стигна до Грилиш, кој сам тргна кон голот на Тотенхем.

Британците наведуваат дека напаѓачот на Манчестер сити Ерлинг Халанд му викал на Хупер, а потоа судијата бил опколен од други фудбалери на „граѓаните“. Фудбалскиот клуб Манчестер Сити има рок до 7 декември да одговори на обвинувањата.

ВИДЕО | Кулушевски во 90. минута го спаси Тотенхем од пораз во дербито со Манчестер Сити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот